Значајни карактеристики за Microsoft Dynamics NAV 2009
Искусете интегрално бизнис решение што овозможува брза и продуктивна работа, како и флексибилност при адаптирањето на Вашиот бизнис кон новонастанати можности и при неговиот понатамошниот развој. Microsoft Dynamics® NAV 2009 нуди ненадимнливо корисничко искуство преку воведувањето на иновативна технологија која помага при поедноставно пристапување кон потребните информации, ја подобрува организациската способност, ја поедноставува интеграцијата со помош на многубројните разновидни апликации, го подобрува процесот на генерирање извештаи притоа превземајќи го најдоброто од Вашата инвестиција во останатите Мајкрософт решенија и технологии.
Microsoft Dynamics® NAV 2009 е бизнис решение кое функционира на начинот на кој што функционираат и вработените. Лесните за користење Role Центрите (интерфејс според работна позиција) им овозможуваат на вработените во Вашата организација нови начини за организирање на нивните работни задачи преку приоретизирање на нивната релевантност во работењето, кадешто се зголемува личната продуктивност и ефикасност.
Microsoft Dynamics® NAV 2009 е со интегрирана подршка за Веб сервиси како и базиран на три-слојна архитектура што го олеснува процесот на поврзување со друг тип на апликации и притоа значително ги намалува потребниот труд и трошоците кои настануваат.
Меѓудругото, ќе се здобиете и со зголемена флексибилност и моќ при размената на информациите со клиентите, добавувачите и партнери доибиени од широкиот спектар на извори на информации.
Главни придобивки:
· Поттикнување на продуктивност:
Role Центрите овозможуваат подесување на интерфејсот според работната позиција на вработените кои ги мотивираат вработените да постигнуваат повеќе при вршење на секојдневните обврски, притоа фокусирајќи се нa релевантните задачи и информации.
· Поврзување, адаптирање и растење:
Флексибилната системска архитектура го поедноставува процесот при додавање нова функционалност, притоа овозможувајќи Microsoft Dynamics NAV 2009 да расте паралелно со зголемените потребите на организацијата како и при проширувањето на останатите бизнис системи.
· Подобрување на размената на информации:
Работете со вистински поврзан бизнис систем. Постоeчките веб сервиси го олеснуваат процесот на размена на информации со останатите апликации, притоа одржувајќи ја нивната интеграција
и безбедност.
· По корисни информации со подобрени извештаи:
Новиот изглед и подобрените опции Ви помагаат да генерирате визуелно атрактивни извештаи кои ефикасно ги пренесуваат потребните информации.
· Извлечете го најдоброто од Вашата инвестиција:
Microsoft Dynamics NAV 2009 нуди поцврста интеграција со Microsoft Office програмите притоа овозможувајќи им на вработените олеснет пристап до Microsoft Office Outlook, Excel и Word од нивните Role centers за полесно наоѓање и споделување на потребната информација