Една од уникатните можности на Live Meeting е можноста корисниците да употребуваат преносен аудио и видео уред, Polycom® CX5000. Polycom CX5000 нуди функционалност за пренос на слика од 360 степени, со што може да се сними секој присутен на конференцијата. На тој начин, учесниците во сесијата може да го следат говорот на телото на сите учесници што е од особено значење за учесници од различни говорни подрачја и мултинационални работни околини. Polycom CX5000 исто така, поддржува wideband аудио, со што им се овозоможува на учесниците богато аудио искуство.
Microsoft Office Communications Server 2007 Release 2 (OCS 2007 R2)
OCS 2007 R2 е еден од клучните производи од решението за унифицирани комуникации на Microsoft. Овој производ е сервер-базирано решение кое е дел од инфраструктурата на корисникот и обезбедува богато корисничко искуство во однос на функционалности како Presence (Присутност), инстантно разменување пораки, enterprise телефонија, стандарден и HD видео пренос, point-to-point и multipoint аудио/видео конференции, како и веб конференции.
Можностите за софтвер-базирани аудио, видео и веб конференции се дел од основните поставки на OCS 2007 R2 и истиот може да поддржи стотици симултани аудио и/ или видео сесии. Овој производ им овозможува на компаниите да ги елиминираат трошоците поврзани со хостирани решенија за конференции, притоа правејќи значителни заштеди на трошоци.
Клиентски апликации: OCS 2007 R2 овозможува конференциски функционалности на десктоп, во веб пребарувач, или мобилни уреди преку четири примарни интерфејси:
1. Office Communicator е клиентска апликација која овозможува конференциски функционалности (аудио, видео и споделување на веб апликации) на компјутер и е неизбежен дел од целосното решение за унифицирани комуникации.
2. Office Communicator Web Access овозможува слично корисничко искуство преку различни веб пребарувачи, вклучувајќи Microsoft Internet Explorer,Mozilla Firefox и Apple Safari.
3. Office Communicator Mobile овозможува контрола на многу конференциски функционалности преку Windows Mobile уреди и многу други “smart” телефони. Аудио и видео карактеристиките се пренесуваат преку соодветен софтвер, во зависност од типот на уредот.
4. Live Meeting Console – претставува хостиран конференциски сервис, кој ги содржи сите конференциски функционалности (аудио, веб и видео).

Аудио конференции со OCS 2007: OCS 2007 R2 овозможува и вклучување на dial-in корисници од PSTN мрежата. Интерните, а и надворешните учесници, најчесто ги користат OCS клиентите, Office Communicator и Communicator Web Access, меѓутоа, понекогаш, некој од интерните или надворешните учесници, имаат потреба да користат основен телефон од регуларната телефонска мрежа. И таквите корисници, ќе имаат високо квалитетна аудио конференција, а организаторот на конферецијата, ќе има можност и за контрола на таквите корисниси (да го одбие поврувањето, да го стартува или стопира аудио сигналот до нив).
Голем број на Партнери се здружија со Microsoft во дообработување на оваа проблематика и надградување на основните функционалности на OCS 2007 R2. Така, на пример, LG Nortel, креираше десктоп телефон, компатибилен со OCS 2007 R2 за сите оние корисници кои претпочитаат да користат стандарден телефон, наместо десктоп слушалки и микрофон.
Веб конференции со OCS 2007: OCS 2007 R2 им дава на корисниците две опции за веб конференции: десктоп споделување и Live Meeting. Споделувањето на десктоп му овозможува на корисникот да стартува сесија за инстантно разменување пораки во која учесниците се повикуваат на учество токму преку инстант порака. Со прифаќање на поканата за состанок, учесниците веднаш го гледаат екранот на презентерот. Доколку пак, корисниците имаат потреба од целосните функционалности за колаборација на Live Meeting, Live Meeting се испорачува заедно со OCS 2007 R2 и се вградува во инфраструктурата на корисникот (On premise) на посебен сервер со улога на OCS 2007 R2.

Видео конференции со OCS 2007: OCS 2007 R2 овозможува различни канали на видео конференциски решенија, секој поддржан од соодветен уред на Microsoft или некој негов партнер:
- Десктоп видео конференции: Office Communications Server и Live Meeting овозможуваат десктоп видео конференција, како што е прикажано на сликата подолу, со помош на OCS 2007 R2 и веб камера, при што видео сликата едноставно се пренесува преки IM сесии, аудио повици и веб конференции.
- Зголемување на фунционалностите на аудио/видео конференции од сала: OCS 2007 и Live Meeting поддржуваат интеграција со Polycom CX500, што овозможува симултан пренос на видео сигнал од повеќе учесници во конференцијата, како што е прикажано подолу.
