| |
|
|
Назив на бизнис: Логин Системи Формиран: 1991 година Тип на фирма: д.о.о. во приватна сопственост (домашен и странски капитал) Седиште: ул. Прашка 23 кат 2, 1000 Скопје, Р. Македонија Вработени: ~25 |
|
|
|
|
Профил
|
|
Формиран во 1991 година, Логин Системи е регионален увозник и дистрибутер за Microsoft, HP, Linksys, Nortel, Motorola, HTC, McAfee и Symanteq и креатор на иновативни решенија за електронски бизнис и е-влада.
| Визија |
Фирмите и владите ќе мора да постават и користат решенија за електронски бизнис и е-влада за да ги подобруваат конкурентните способности, агилноста и ефикасноста.
|
| Мисија |
Нашата мисија е да обезбедиме на пазарот светски признати производи, иновативни решенија и беспрекорни услуги за електронски бизнис и е-влада преку вистински партнерства со независни компјутерски фирми.
|
| Стратешки деловни единици |
За да ја оствари својата мисија, Логин Системи е составен од две стратешки деловни единици: (1) дистрибуција на трговски производи, (2) развој на сопствени производи и услуги.
|
|
|
|
Нашиот деловен модел се заснова на продажба на нашите производи и услуги преку продажни партнери - тоа се фирми од областа на ИТ бизнисот и деловниот консалтинг. Нашите партнери нудат дополнителни производи и услуги со што може да задоволат се' поголем и поразличен број на потреби на нашите корисници.

Ланец на додадени вредности со Логин Системи
Со Логин Системи соработуваат значителен број на различни компјутерски фирми кои се фокусираат на пазарот како систем-интегратори, производители на компјутери, компјутерски дилери, сервисни провајдери, софтверски компании и специјализирани продавници.
|
|
Релации со светските производители
|
|
|
|
|
|
|
производител
|
производи и решенија
|
тип на договор
|
Соработка од:
|
 |
оперативни системи, десктоп апликации, развојни алатки, серверски апликации и MS hardware |
дистрибутер |
1995
|
 |
уреди за печатење и фотокопирање, фотоапарати и печатачи за слики, видео проектори, сервери, уреди за архивирање и реставрирање, потрошен материјал |
дистрибутер |
2003
|
 |
рутери, свичеви, уреди за безжично вмрежување, огнени ѕидови, Интернет телефонија |
дистрибутер |
2002
|
 |
решенија за далечинско поврзување, безжично вмрежување, радио комуникација, навигациска опрема и мобилни уреди |
дистрибутер |
2005
|
 |
софтвер за архивирање и реставирање |
дистрибутер |
1999
|
 |
Интернет пристап преку ISDN, VPN уреди, серверски картички за ISDN, X.25, Frame Relay |
value-added дистрибутер |
1997
|
 |
анти-вирусна заштита |
дистрибутер |
1999
|
 |
софтвер за деловно работење |
solution center |
2002
|
|
|
Вредности на Логин Системи
|
|
|
|
|
|
Главните вредности во работењето на Логин Системи се:
| Квалитет |
Логин Системи е водечки увозник и дистрибутер на најголемата софтверска компанија во светот (Microsoft), најуспешниот производител на комуникациска опрема (Cisco Systems и Motorola) и иновативниот лидер во областа на информатичката опрема и услуги (HP).
|
| Сигурност |
Како агилна, домашна компанија со странски стратешки инвеститор составена од млад и високо мотивиран тим кој применува западни стандарди на работење комбинирани со локално знаење, Логин Системи е сигурен и доверлив партнер во бизнисот.
|
| Достапност |
Преку разгранета партнерска мрежа од компјутерски фирми, Логин Системи обезбедува достапност на информатичка опрема користејќи едноставна и брза логистика и финансиски услуги адекватниза корисникот.
|
| Традиција |
Почнувајќи од 1991 година, Логин Системи дава вредност повеќе и овозможува успешно водење на вашиот бизнис и зголемена продуктивност на вработените кои се неопходност за освојување на нови пазари, континуиран раст и профитабилност.
|
|
|
|
На 5 минути од центарот на градот Скопје, седиштето и работните простории на Логин Системи се наоѓаат во населбата Тафталиџе во зградата на Машинопромет. Оваа зграда е позади Систина, во близината на студентскиот дом „Гоце Делчев“ и веднаш до гимназијата „Нова“.
Адреса: ул. Прашка 23, 1000 Скопје
 |
Локација
Повеќето од просториите се наоѓаат на вториот кат, со исклучок на магацинот и групата Логистички услуги кои заради подобро и побрзо опслужување на деловните партнери се сместени на призeмјето од зградата.
(преден изглед и влез на зградата во која се наоѓаат просториите на Логин Системи)
|
|
Паркинг простор
Во дворот на зградата има доволен паркинг простор за деловните партнери и корисници.
|
 |
 |
Канцеларии
Работните простории на вработените на Логин Системи нудат одлични услови за тимска работа - сите простории се пространи, светли и звучно изолирани од надворешната бучава, работните места се опремени со модерни компјутери поврзани во брза компјутерска мрежа, квалитетен линк за Интернет и соодветна климатизација
|
|
Сала за состаноци
Во малата сала за состаноци се изведуваат менаџерските состаноци на Логин Системи како и работни средби со партнери, корисници и принципали (производители)
(на сликата е прикажана средбата на Логин Системи со претставниците од Microsoft)
|
 |
 |
Магацин на приземје
Бидејќи се наоѓа на приземје, деловните партнери можат брзо и лесно да ја подигнат стоката од магацинот на Логин Системи и да ја сместат во своите возила за достава до крајните корисници.
|
|
Шоурум со најнови производи
Во шоурумот на Логин Системи, корисниците и партнерите може да ги испробаат најновите производи од Microsoft, HP и Cisco Systems како и нивната интегрираност во деловни решенија
|
 |
 |
Училница
Училницата на Логин Системи ја користиме за деловни предавања, тренинзи и презентации на нашите вработени, партнери и корисници
(на сликата е прикажан тренингот за партнерите на Microsoft)
|
|
Конференциска сала
Конференциската сала е наменета за презентации, прес конференции, состаноци на сите вработени на Логин Системи како и тркалезни маси со нашите партнери и корисници
(на сликата е прикажан аудиторимот од бизнис форумот со Мајк Зафировски, Моторола)
|
 |
|

|
Бизнис клуб
Покрај модерните канцеларии, Логин Системи поседува бизнис клуб кој служи за паузи за вработените, но и за организирање деловни состаноци и коктели за нашите партнери и корисници.
(на сликата е прикажан коктелот од kick-off состанокот со клучните партнери на Microsoft)
|
|
|
 |
|
|
|
Април, 2004
Зоран Бојаровски, уредник, Форум
|
... исклучително совесни и одговорни професионалци кои ги исполнија сите наши очекувања и рокови. ...тимот на ЛС беше подготвен да реагира и во еден момент кога нашите желби ги надминаа претходните договори...
|
|
|
|
Октомври, 2003
Igor Dano, регионален менаџер, HP
... заедно со Логин Системи – ние планираме да го прошириме нашето водство во Македонија како префериран партнер и снабдувач на технологијата за мали и средни бизниси...
|
|
|
|
Февруари 2003
H.E. Lawrence Butler, амбасадор на САД
... Login has also taken a strong leadership role in promoting e-commerce and e-government, areas identified by the US Government and international organizations as vital to economic growth in a global economy...
|
|
|
|
Конференција ВИП 2003
Борис Трајковски, Претседател на РМ
... благодарение на 'Логин системи' повторно се собравме да зборуваме за новите бизнис и технолошки трендови и новите сервиси за граѓаните кои се појавуваат со развојот на ИТ индустријата...
|
|
|
|
Февруари, 2002
Goran Radman, ген менаџер, Microsoft Adriatics
...Многу ми е драго што Логин Системи го привлече капиталот на СЕАФ и се надевам дека инвестицијата ќе придонесе за натамошен развој на Вашето, ионака, водечко Македонско ИТ претприемништво...
|
|
|
|
Јуни 1997
Никола Кацарски, директор, ЗПП
... Ние сме многу задоволни од Логин Системи како наш провајдер на решение, и Мајкрософт, како технолошки провајдер. Направивме систем за електронски изводи со кој се гордееме...
|
|
|
|
|
|
|
|
|